24фудбал

Ериксен се збогуваше со фановите на Тотнем? Данецот наводно си подал рака со Интер (ВИДЕО)

Се чини дека 27 годишниот плејмејкер вчера го одигра последниот меч во дресот на Тотнем, клуб за кого настапува од 2013. година по трансферот од Ајакс, се’ поизвесно е дека негова следна дестинација е Милано.

Англија

Плејмејкерот на Тотнем, Кристиан Ериксен наводно се согласил на четири ипол годишен договор со Интер, а Данецот се надева дека неговата преселба во Милано ќе се реализира уште овој месец, иако од Тотнем бараат 17 милиони фунти обештетување, како што извести „Газета дело Спорт“.

Актуелниот договор на Ериксен со Тотнем истекува на лето, а тој уште овој преоден рок имаше можност да преговара со заинтересираните клубови за неговите услуги, се наведуваа повеќе клубови, меѓутоа се чини дека Интер ќе биде победник во битката за неговиот потпис.

Како што пишува „Дејли Мејл“, се верува дека Ериксен ќе заработува 6.5 милиони евра по сезона во дресот на Интер, а доколку излезе некаков проблем во преговорите со Тотнем, се верува дека Данецот на лето речиси сигурно ќе биде член на „Нероаѕурите“.

Меѓу другото, Ериксен, кој вчера играше до 69. минута во минималниот пораз од Ливерпул, забележа и навивач на гледалиштето со данско знаме, па отиде кај него за да се фотографира со истиот навивач, а му го подари и дресот.

Дел од фановите на Тотнем ја регистрираа реакцијата на Данецот по поразот од Ливерпул, па многумина се прашуваат дали тоа беше збогување на Ериксен со фановите на Премиерлигашот од Лондон.