24фудбал

Барселона најде тренер по мерак на претседателот, директорите и играчите... но има еден проблем

Медиумите од Шпанија пишуваат за нов кандидат за тренерското столче на Барселона, претседателот Жозеп Мариа Бартомеу го идентификувал Маурисио Покетино како наследник на Ернесто Валверде.

Шпанија

„Каталонците“ се во потрага на нов тренер откако Чави ја одби понудата уште сега да седне на жешкото столче на Камп Ноу. Низ медиумите кружат голем број на гласини и кандидати за наследник на Ернесто Валверде, а според пишувањата на РАЦ1, ново име на листата со желби е Маурисио Покетино.

Аргентинецот е предлог на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу, а за негов ангажман зелено светло дале и директорите на клубот како и играчите, или поточно „тешкашите“ во соблекувалната.

Маурисио Покетино е без обврски по отказот од Тотнем но има еден проблем. Тој во минатото има изјавено дека нема шанси да седне на кормилото на Барселона поради тоа што беше играч и тренер на лутиот градски ривал Еспањол.

Останува да се види како ќе се одвива потрагата по нов тренер и дали аурата на Барса и можноста да се работи со еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лео Меси ќе го натера Маурисио Покетино да го погази зборот.