24фудбал

Проклетството на АЦЛ се врати во Рома: Заниоло со солзи во очите, му заврши сезоната и сонот за ЕВРО 2020

„Волчицата“ доживеа голем пех на синоќешното дерби со Јувентус, талентираниот Николо Заниоло го оштети предниот вкрстен лигамент на десното колено па заврши сезоната и сонот за ЕВРО 2020.

Италија

Николо Заниоло се промовираше во еден од најперспективните играчи во Италија и Европа по преселбата од Интер во Рома како дел од трансферот на Раџа Наинголан. Со одличните партии го привлече вниманието на многу клубови а сериозно се наметна и кај Роберто Манчини во репрезентацијата на „аѕурите“.

Сепак, пред него сега се тешки неколку месеци откако синоќа против Јувентус заработи сериозна повреда и со солзи во очите го напушти теренот. Прегледите ги потврдија стравувањата, се работи за оштетување на менискусот и предниот вкрстен лигамент (АЦЛ) на десното колено.

Денес ќе замине на операција и за него заврши сезоната и сонот за настап на ЕВРО 2020.

„Ви се колнам... ќе се вратам посилен од било кога“ - беше кратката порака на Николо Заниоло, кој е 15-та жртва на проклетството наречено АЦЛ во Рома од 2014 па наваму.