24фудбал

Дербито на Олимпико во солзи остави уште еден играч, судбината на Заниоло го снајде и Демирал

Јувентус соопшти лоши вести, дефанзивецот Мерих Демирал го оштетил предниот вкрстен лигамент на коленото па и за него заврши сезоната и сонот за ЕВРО 2020.

Италија

Дербито на Олимпико помеѓу Рома и Јувентус во солзи остави уште еден играч. Рома доцна синоќа објави дека Николо Заниоло го оштетил предниот вкрстен лигамент на коленото, па сезоната за талентираниот Италијанец заврши.

Попладнево Јувентус објави дека иста судбина го снашло и Мерих Демирал, дефанзивецот го оштетил менискусот и предниот вкрстен лигамент на левото колено,тој во следните денови ќе оди на операција па и за него заврши сезоната.

Турчинот во последно време прикажува одлични партии и го истисна големото летно засилување Матајс де Лихт од првиот тим, а го привлече и вниманието на голем број клубови од Англија, кои беа подготвени да платат и до 50 милиони евра за потписот на 21 годишниот Мерих Демирал.