24фудбал

Бетис не успеа, Монако тргнува по потписот на Адеми

Аријан Адеми сепак би можел да направи трансфер во јануарскиот преоден рок, се ќе зависи од висината на понудата на Монако.

Македонија

Динамо Загреб ја одби понудата на Бетис, шпанскиот клуб нудеше 6,5 милиони евра, но Хрватите не го пуштаат Адеми за помалку од 10 милиони евра.

Сега се шпекулира дека Монако сака да го купи Адеми, клубот од малото кнежество нашиот репрезентативец го гледа како идеално засилување за средниот ред.

Динамо Загреб нема намера лесно да се откаже од услугите на својот капитен и само за висока понуда ќе го продаде. Се верува дека понудата на Монако ќе биде повисока од онаа на Бетис, а дали таа ќе го задоволи хрватскиот клуб, останува да видиме.