24фудбал

Чурлинов дебитираше за Штутгарт (ВИДЕО)

Офанзивното крило засега има еден настап за сениорскиот состав на нашиот национален тим, и тоа во 2017. година, на свои 16 години и 8 месеци дебитираше на контролката со Белорусија, а со тоа стана најмладиот фудбалер кој некогаш заиграш за нашите сениори.

Македонија

Некогашниот респектабилен Бундеслигаш, сега второлигаш во тамошниот шампионат, тимот на  Штутгарт паузата во домашното првенство ја искористи за зимски подготовки во Марбеља, Шпанија, а во тамошниот фудбалски центар предвидено е да одигра две контролни средби, од кои едната веќе ја доби.

Штутгарт славеше со 2-0 над швајцарски Базел, а за нас најважното од тој меч е дебито на 19 годишниот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов во дресот на Штутгарт, клуб за кого потпиша по преселбата од Келн пред само неколку денови.

Скопјанецот кој мина низ младинскиот погон на Ханза Рошток, Магдебург, како и Келн, го запиша дебито во сениорскиот состав на Штутгарт, а во игра на мечот со Базел влезе во 70. минута.

Дебито на Чурлинов во дресот на германскиот второлигаш можете да го проследите од преносот кој го вршеше Штутгарт на социјалните мрежи, почнувајќи од 70. минута од пресметката во Марбеља.


Нам ни преостанува да се надеваме дека американскиот фудбалски стратег од клупата на Штутгарт, Пелегрино Матарацо ќе му укажува прилика за докажување на младиот Македонец и во иднина.

Утре Штутгарт ќе ја одигра и втората контролка, против унгарски Фехервар.