24фудбал

Вилемс: Роналдо е брз, но дојдете чувајте го ѕверот Траоре...

Фудбалерот на Вулверхемптон кој освен е супер-брз, поседува и таква конституција на себе што веројатно е дополнителен проблем за неговите противници да го чуваат на натпреварите.

Англија

Вулверхемптон одигра реми на домашен терен против Њукасл во рамките на 22 коло од англиската Премиерлига, а тоа за холандскиот интернационалец од редовите на гостинскиот состав, Јетро Вилемс беше едно големо искуство.

Се работи за неверојатно брзиот офанзивец на Вулверхемптон, Адама Траоре, кој инаку на себе има и една доста неверојатна конституција, за што имал дури и понуда да настапува во американската рагби лига на професионален план.

Самиот Вилемс тврди дека Траоре е до тоа ниво тежок за да се чува како противник, што дури наведува и дека е потежок од Кристијано Роналдо.

Играв против многу добри фудбалери во мојата кариера, меѓутоа ниту еден од нив не е толку брз како Траоре“ рече бекот на Њукасл.

Тој е неверојатен, би го опишал како ѕвер, не само што е неверојатно брз, туку и силен исто така“ додава тој.

Траоре веќе е идентификуван како најбрзиот фудбалер во моментов, а јас лично се уверив дека тоа е така, би сакал да мислам за себе дека сум исто така брз на тоа ниво, меѓутоа тоа за себе го мислев додека не му се спротиставив на теренот, тоа веќе беше друга приказна...“ заклучи Вилемс кој претходно во својата кариера настапуваше за Ајнтрахт Франкфурт, како и ПСВ.

„Сум играл против Роналдо, кој е навистина брз, меѓутоа не до нивото на Траоре, секако, тој поседува големи квалитети во себе, како и сила, меѓутоа понекогаш тој детал кај противникот е полесен за да му се спротиставите во однос на квалитетите со кои ги располага Траоре“ заклучи Вилемс.