24фудбал

Барселона му врачи отказ на Валверде, познато е и името на новиот тренер

Барселона вечерва се раздели со Ернесто Валверде, а за нов тренер го назначи искусниот Кике Сетиен.

Шпанија

Барселона конечно се реши да му врачи отказ на Валверде, навивачите одамна ја очекуваа тренерската смена.

Денеска раководството имаше состанок по кој му ја соопшти одлуката на Валверде.

На негово место ќе седне искусниот Кике Сетиен кој последен пат го водеше Бетис.

Сетиен потпиша договор до крајот на сезоната, од резултатите ќе значи дали тој ќе остане на клупата и понатаму или ќе биде само привремено решение до лето.