24фудбал

Откриени детали од договорот на Сетиен со Барса, „каталонците“ се штитат со две клаузули

Медиумите од Шпанија откриваат детали од договорот на Кике Сетиен со Барселона, „каталонците“ се штитат со две клаузули и можат да се разделат со стратегот веќе по крајот на сезоната и покрај тоа што има договор до 2022.

Шпанија

Кике Сетиен е изборот на Барселона за наследник на Ернесто Валверде, Жозеп Бартомеу и неговите соработници имаа неколку имиња на листата со желби и на крајот изборот падна на поранешниот тренер на Бетис.

Тој доби договор до 2022 година, но според пишувањата на медиумите од Шпанија, „каталонците“ се штитат со две клаузули.

РАЦ 1 пренесува дека договорот всушност е на шест месеци + една година со опција за додатни 12 месеци. Соработката вака е структурина за Барселона да може да се раздели со стратегот веќе по крајот на сезоната доколку тој не се покаже во следните месеци.

Опцијата за додатни 12 месеци пак е поврзана со претседателските избори во 2021, победникот ќе треба да одлучи дали ќе го задржи Кике Сетиен или пак со себе ќе донесе нов тренер.