24фудбал

Наполи во четвртфиналето од Копа Италија, 90 минути за Елмас (ВИДЕО)

Тимот на Гатузо својот противник во четвртфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот помеѓу Лацио и Кремонесе кој се игра денеска.

Италија

Италијанскиот вицепрвак Наполи ја оправда фаворитската улога во пресметката со Перуџа на домашен терен во рамките на осминафиналето од Копа Италија, со тоа што прогресираше во четвртфиналето.

Избраниците на Џенаро Гатузо славеа со 2-0, и тоа со два гола на Инсиње од пенал, меѓутоа по вториот гол, гостите промашија од белата точка во самата завршница на првото полувреме, а во продолжението, исходот од првото полувреме остана како конечен епилог.

Нашиот млад интернационалец играше во централниот дел од средниот ред на Наполи, во друштво на Зјелински, односно Фабиан Руиз, а обајцата негови соиграчи беа повлечени од игра и не го дочекаа крајот на мечот на теренот.


20 годишниот македонски репрезентативец сезонава запиша 11 настапи во „Серија А“.