24фудбал

Ливерпул ја одби Рома за Шаќири

Постојат повеќе индикации кои веројатно медиумите ги наведува дека Шаќири би си заминал од Ливерпул, меѓутоа Клоп неколку пати јавно посочи дека Швајцарецот е важен дел од составот на Премиерлигашот.

Англија

Шаќири се врати од повредата и бележеше краток престој на теренот во победата на Ливерпул на дерби пресметката со Тотнем во саботата, а тоа за него беше само десетти настап сезонава за „Редсите“, по серијата повреди кои ги наследи 28 годишниот Швајцарец.

Дека ќе има дополнителни проблеми за минутажа, доволно говори и ангажманот на Такуми Минамино, а уште од ланската сезона постоеа одредени шпекулации дека Шаќири би можел да си замине од „Енфилд“, се наведуваа Монако, како и кинеската Суперлига како негова идна дестинација.

Како и да е, шефот на стручниот штаб на европскиот првак, Јирген Клоп постојано посочуваше дека Шаќири е важен дел од составот на Ливерпул, а сега, според неофицијалните информации Премиерлигашот одбил понуда од Рома.

Според Фабрицио Романо, понудата на Рома била за позајмица, а од Ливерпул имало конкретен одговор во тоа дека не постојат никакви шанси Швајцарецот да си замине во јануарскиот преоден рок.