24фудбал

Рајола имал средба со браќата, а воедно и агенти на Рашфорд, „Д Атлетик“ ги има деталите

Рашфорд во јули ланската година стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед со важност до 2023. година, а истиот има и опција за дополнителни 12 месеци, останува дилемата како би се одвивале работите доколку негов агент стане контроверзниот Рајола.

Англија

Контроверзниот фудбалски агент, Мино Рајола имал средба со браќата, а воедно и агенти на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, околу можноста тој да ги претставува интересите на напаѓачот.

Во моментов претставници на Рашфорд се неговите браќа, Дејн и Двејн, кои воедно имаат и сопствена агенција чиј профил постојано расте во позитивна насока, меѓутоа Рајола има силна желба во себе да го запише Рашфорд во својот тефтер каде има неколку супер-ѕвезди.

Според пишувањата на „Д Атлетик“, Рајола веќе имал средба со двоецот околу можноста да го претставува 22 годишниот фудбалер, а Дејн и Двејн наводно се согласиле и да добиваат совети од Рајола.

Оваа вест доаѓа само една седмица откако Рајола го презеде Џеси Лингард како свој клиент, а се верува дека сево ова е стратегија на агентот да ги засили конекциите со англиските фудбалери, а најголема придобивка од сето тоа наводно гледа токму во Рашфорд.

Познато е дека Рајола за клиент го има и Пол Погба кој подолг период се шпекулира дека е на излезна врата од Манчестер јунајтед.