24фудбал

Дени Илиев е нов голман на Јагелонија

Македонскиот голман, Дени Илиев ќе брани на позајмица до крајот на сезоната во полскиот клуб Јагелонија.

Македонија

Дени Илиев кој е член на Арсенал повторно заминува на позајмица, овој пат тој ќе настапува во полското првенство во тимот на Јагелонија.

„Дознав дека Јагелонија се интересира за мене. Луѓето од овој клуб прашаа дали и јас сум заинтересиран, па почнав да истражувам повеќе за клубот и на крајот одлучив да потпишам договор“, изјави Илиев.

„Многу добар пријател сум со Кристијан Биелик. Го прашав за Полска, за лигата таму и за Јагелонија, тој ми зборуваше само во суперлативи, а јас му верувам. Среќен сум што доаѓам во овој клуб“.

„Исто така и истражував сам. На интернет видов дека се работи за голем клуб со голем број на пасионирани фанови. Се надевам дека ќе им дадам причина да бидат среќни. Во понеделникот имав можност да ја видам нивната прослава во центарот на градот, и уште сум посреќен што го одбрав овој клуб“.