24фудбал

Интер и Лацио со убедливи победи до четвртфиналето од Купот на Италија

Интер со 4-1 го совлада Каљари, а Лацио со 4-0 беше подобар од Кременозе, фаворитите се пласираа меѓу осумте најдобри во Купот на Италија.

Италија

По само 22 секунди игра Ромелу Лукаку му донесе водство на Интер од 1-0, а во 22 минута Борха Валеро го зголеми водството на 2-0.

По четири минути игра во второто полувреме Лукаку постигна уште еден гол, овој пат за предност од 3-0. Во 73. минута Олива намали на 3-1, но само осум минути подоцна Ранокиа ги постави конечните 4-1.

За одбележување е и тоа што по три месеци пауза поради повреда на теренот се врати Алексис Санчез.

Најубедлив денеска беше Лацио кој со 4-0 го совлада Кремонезе. Головите ги постигнаа Патрик, Пароло, Имобиле и Бастос.

Претходно со два гола на Инсиње од пенал, Наполи ја победи Перуџа со 2-0.