24фудбал

Тотнем го помина Мидлзброу во повторениот меч од ФА Купот (ВИДЕО)

Тотнем не беше убедлив и во реваншот но оствари победа, со 2-1 го совлада Мидлзброу и се пласираше во следното коло од ФА Купот.

Англија

Откако мечот на гостински терен заврши 1-1, тимот на Мурињо мораше да игра уште еднаш за да го помине Мидлзброу.

Тотнем тргна одлично во натпреварот по само 15 минути игра водеше со 2-0 со головите на Ло Селсо и Ламела. Но тука застана.

Во продолжението имаше неколку убави шанси, но не постигна гол. Мидлзброу преку Савиљ во 83. минута намали на 2-1 за неизвесна завршница. Сепак тоа беше и конечниот резултат.

Во следното коло се пласира и Њукасл кој со убедливи 4-1 го победи Рочдал.