24фудбал

Мурињо го доби првото засилување во Тотнем

Жедсон Фернандеш потпиша за Тотнем, доаѓа на 18 месечна позајмица со опција за перманентен трансфер.

Англија

Жозе Мурињо го доби првото засилување како тренер на Тотнем, станува збор за 21-годишниот Жедсон Фернандеш кој доаѓа од Бенфика.

Тој во Тотнем пристигнува на 18 месечна позајмица, со опција комплетно да биде откупен за 50 милиони евра.

Фернандеш ќе го носи дресот со број 30.

За него интерес имаше и од Челси, Вест Хем, Лион и Милан, но Тотнем ја доби трката по неговиот потпис.