24фудбал

И Барселона се засилува со Фернандеш, „каталонците“ плаќаат 11 милиони евра

Од Бразил пристигнува информација дека Барселона го договорила трансферот на Матеус Фернандеш од Палмеирас, „каталонците“ ќе платат 7+4 милиони евра за 21 годишниот фудбалер од средниот ред.

Шпанија

Фудбалери со презиме Фернандеш се многу актуелни овие десетина дена. Бруно Фернандеш од Спортинг се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед, денеска беше потврдена преселбата на Жедсон Фернандеш од Бенфика во Тотнем како прво засилување на Жозе Мурињо, а медиумите од Бразил сега пишуваат за трансфер на Матеус Фернандеш од Палмеирас во Барселона

Неколку медиуми од Бразил како Фокс Спортс, Глобоеспорте и ЕСПН пренесуваат дека Палмеирас и Барселона си подале рака за зделка од 7 милиони евра, плус додатни 4 милиони во бонуси,

Матеус Фернандеш веќе се поздравил со своите соиграчи и бил прилично возбуден поради трансферот на Камп Ноу.

21 годишниот Бразилец е дефанзивец од редот за врска и треба да ја засили позицијата на Серхио Бускетс.