24фудбал

Интер ја зголеми понудата за Ериксен и отпатува за Лондон да го комплетира трансферот

Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер испратил нова подобрена понуда до Тотнем за услугите на Кристијан Ериксен, директорот Пјеро Аусилио веќе отпатувал за Лондон за да го комплетира трансферот.

Италија

Кристијан Ериксен се договори со Интер и „нероаѕурите“ сега се обидуваат да го донесат Данецот во своите редови уште овој месец наместо да чекаат до крајот на сезоната.

Почетната понуда беше 10 милиони евра плус бонуси, Тотнем бара 20 милиони евра, но веројатно двата клуба ќе се најдат на средина.

Последните информации од Италија велат дека Интер ја зголемил понудата на 15 милиони евра плус бонуси. Исто така, директорот Пјеро Аусилио веќе отпатувал за Лондон на средба со своите колеги од „спарси“. Тој ќе треба да ги испегла последните детали и да се врати во Милано со Кристијан Ериксен.