24фудбал

„АС“: Во Барселона се подготвуваат да ја активираат откупната клаузула на Лаутаро

Нема ништо чудно во интересот на гигантите за потписот на Лаутаро, освен Барселона, се шпекулира дека и Манчестер Сити е заинтересиран, Аргентинецот игра во одлична форма, а на 24 настапи оваа сезона постигна 15 погодоци, дополнително запиша и 3 асистенции.

Шпанија

Барселона се уште не се откажува од намерата да го ангажира напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, а наводно Каталонците се подготвуваат и да ја активираат откупната клаузула во договорот на Аргентинецот со „Нероаѕурите“, известува „АС“.

Наведениот медиум додава дека Каталонците под будно око ја следат ситуацијата со 22 годишниот Лаутаро, а никогаш не се откажале во интересот кон него, иако Интер има поволна позиција при евентуални преговори ако се земе во предвид дека Лаутаро има договор со важност до 2023. година, меѓутоа и откупна клаузула достапна за гигантите како Барселона.

Се верува дека Барселона, која подолг период е во потрага по напаѓач на трансфер пазарот, во Лаутаро гледа идеален наследник на Луис Суарез, кој инаку се здоби со потешка повреда и ќе биде вон комбинација за настап идните четири месеци.

Барселона наводно се подготвува да ја активира откупната клаузула на Лаутаро, а истата изнесува 111 милиони евра, има важност 15 денови во јули годинава, иако во Италија наведуваа дека во Интер очајно работат на тоа да обезбедат нов договор за Лаутаро со мошне повисока откупна клаузула, или истата целосно да ја тргнат од неговиот договор.