24фудбал

Милан со убедливиот триумф над СПАЛ закажа пресметка со Торино во четвртфиналето од Купот (ВИДЕО)

„Росонерите“ делуваа доста сигурни во мечот против СПАЛ пред своја публика, за што говори и самиот резултат, па така ја оправдаа фаворитската улога и изборија место во четвртфиналето од „Копа Италија“.

Италија

Составот на Милан во целост го надигра СПАЛ и обезбеди убедлива победа од 3-0 пред своја публика во дуелот помеѓу овие две екипи во рамките на осминафиналето од Купот на Италија, а домаќините уште во првото полувреме најавија победа.

Милан најпрво го доби првото полувреме со 2-0, за веќе во второто со еден гол и да ја потврди победата со која закажа пресметка со Торино во четвртфиналето.

Пјонтек во 20. минута го постигна водечкиот гол за „Росонерите“, а на една минута пред истекот на регуларните 45 минути игра Кастиљехо го дуплираше водството на домаќините на 2-0, по асистенцијата на Пјонтек.

Конечниот исход на мечот во Милано го постави Ернандез со својот погодок во 66. минута.