24фудбал

Бернардески на продажба

Во Италија известуваат дека на лето 25 годишниот офанзивец би можел да биде продаден, а во Јувентус имаат повеќе мотиви, односно причини зошто би го сториле тоа.

Италија

Офанзивецот на италијанскиот првак Јувентус, Федерико Бернардески би можел да биде продаден во летниот преоден рок доколку не го импресионира Маурицио Сари, а се поблиску е до едно такво сценарио, известува „Калчомеркато“.

Истиот медиум додава дека 25 годишниот Италијанец не успеал да ги убеди челниците на Јувентус, барем не досега, за квалитетот и потенцијалот со кој располага од неговиот трансфер од Фиорентина во 2016. година.

Бернардески досега запиша 88 настапи во дресот на „Старата дама“, постигна 9 погодоци, а дополнително реализираше и 11 асистенции.

Во Италија веруваат дека во Јувентус расте желбата да се продаде Бернардески, првично поради неговата висока плата, која не носи никаков бенефит за клубот, а има важечки договор со италијанскиот првак со важност до 2022. година.