24фудбал

Јувентус убедлив против Удинезе, Несторовски одигра 90 минути (ВИДЕО)

Јувентус со убедливи 4-0 го победи Удинезе и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија.

Италија

Илија Несторовски го одигра целиот меч за Удинезе кај Јувентус во Купот на Италија, но неговиот тим беше убедливо поразен.

Два гола беа дело на Дибала, по еден постигнаа Игуаин и Даглас Коста.

Во четвртфиналето Јувентус ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Рома и Парма.

Претходно Милан со 3-0 го победи СПАЛ, а Фиорентина со 2-1 славеше над Аталанта.