24фудбал

Скандал во УЕФА, формацијата за тимот на годината била промената во последен момент за да има место за Роналдо

Дејли Мејл пишува за скандал во УЕФА и тимот на годината кој го избираат фановите, европската куќа на фудбалот во последен момент направила промена на формацијата за да има место за Кристијано Роналдо.

Останато

УЕФА синоќа ги објави најдобрите 11 за 2019 во изборот на фановите. Биле доделени повеќе од 2 милиони гласови, а тимот на годината е составен од: Алисон, Робертсон, Ван Дајк, Де Лихт, Александер-Арнолд, Де Брујне, Де Јонг, Мане, Меси, Левандовски и Роналдо.

Но Дејли Мејл сега пишува за скандал и одлуката на европската куќа на фудбалот да ја промени формацијата во последен момент за да има место за ЦР7.

Весникот вели дека тимот на годината требал да биде објавен пред една недела, но раководните структури во УЕФА останале збунети кога виделе дека Лео Меси, Садио Мане и Роберт Левандовски имаат повеќе гласови од Кристијано Роналдо.

Па формацијата од 4-3-3 била преиначена во 4-2-4 за Кристијано Роналдо да се најде во најдобрите 11. Напаѓачот на Јувентус го завзел место на Нголо Канте, кој требал да биде третиот фудбалер од средниот ред во првичната формација.

„Ова навистина не е добро, ова практично е местење на гласањето. Роналдо толку многу е популарен помеѓу членовите на организацијата, па веднаш беше вклучен алармот кога се увиде дека нема место за него во тимот. Затоа формацијата беше промената. Ова ве тера да се зачудите со што се друго се манипулира“ – вели извор од УЕФА за Дејли Мејл.