24фудбал

Чави откри зошто ја одбил Барселона

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави не сакаше да биде наследникот на Валверде, сега открива зошто ја одбил понудата.

Шпанија

Откако одлучи да се раздели со Валверде, Барселона тренерското место му го понуди на Чави, но тој одби. Тој останува да биде тренер на Ал Сад во Катар.

„Да, добив понуда од Барселона, Ерик Абидал и Оскар Грау ми ја презентираа тука во Доха. Не ја прифатив, мислам дека е прерано да бидам тренер на Барса, но тоа останува мојот сон, сакам во иднина да бидам тренер на мојот поранешен клуб“, изјави Чави.

„Кога ја добив понудата прво им соопштив на мојата фамилија и после на фудбалерите на Ал Сад. Тие беа информирани за се, за време на тие три дена не бев во мојата најдобра позиција, но сега комплетно сум фокусиран на Ал Сад“.

„Ми се допаѓа новиот тренер на Барселона, го сакам неговиот начин на работа и се надевам дека ќе биде успешен“.