24фудбал

Бобан фатил врски и договорил голем трансфер, Дани Олмо во Милан за 30 милиони евра?!

Медиумите од Хрватска пишуваат дека Милан ја добива трката за потписот на перспективниот Дани Олмо, Звонимир Бобан ги искористил добрите односи со раководството на Динамо Загреб за да договори трансфер од 30 милиони евра.

Италија

Младиот Шпанец блеска во дресот на Динамо Загреб па го привлече вниманието на голем број клубови, а одличните настапи му донесоа и деби во сениорската репрезентација на „црвената фурија“.

Барселона сака да го врати Дани Олмо во своите редови, но „модрите“ не се откажуваат лесно од својот бисер и поставија висока цена, се говореше за сума од 40 милиони евра.

Но според пишувањата на медиумите од Хрватска, Звонимир Бобан фатил врски и го искористил добриот однос со раководството на Динамо Загреб за да договори трансфер на Дани Олмо во Милан.

Весникот Спортске Новости пишува дека „росонерите“ тропнале со понуда од 30 милиони евра, а новинарот на Јутарњи Лист, Никола Липовац вели дека „модрите“ го прифатиле предлогот. Наводно се работи за зделка од фиксни 20-25 милиони евра, и со бонуси од 5-10 милиони евра за да се стигне до конечната сума.

Добро упатениот италијански новинар Ди Марцио сепак не е толку голем оптимист, и неговите извори од Сан Сиро не ги потврдиле ваквите стории од Хрватска. Тие признаваат дека Звонимир Бобан е голем фан на играта на младиот Дани Олмо, но во моментов нема понуда од 30 милиони евра.