24фудбал

Агентот на Ериксен пристигнал во Милано за да ги испегла разликите помеѓу Интер и Тотнем

Медиумите од Италија пренесуваат дека агентот на Кристијан Ериксен пристигнал во Милано за да ги испегла разликите помеѓу Интер и Тотнем за Данецот уште овој месец да се пресели на Џузепе Меаца.

Италија

Директорот на „нероаѕурите“, Пјеро Аусилио синоќа со празни раце се врати од Лондон, Тотнем инсистира да добие 20 милиони евра и покрај тоа што за шест месеци ќе го загуби Кристијан Ериксен за без пари.

Но Интер не се откажува од немерата овој месец да го донесе фудбалерот од средниот ред, последните информации велат дека во Милано пристигнал агентот на Данецот кој со себе понел и адвокат.

Двајцата ќе треба да ги испеглаат разликите помеѓу Интер и Тотнем за трансферот да се реализира уште во зимскиот преоден рок, и за преселбата на Кристијан Ериксен на Џузепе Меаца да не се чека до крајот на сезоната.

Новинарот Николо Скира пренесува дека двата клуба ќе направат компромис и ќе си подадат рака за зделка вредна 18 милиони евра.