24фудбал

Валверде е господин, и простил на Барселона неколку милиони за разделбата да биде пријателска

Мундо Депортиво пренесува дека Ернесто Валверде се откажал од неколку милиони евра за разделбата со Барселона да биде пријателска и да не се развлекува со месеци.

Шпанија

Стратегот оваа недела доби отказ по две ипол години поминати на тренерското столче на Камп Ноу. Пред да се официјализира разделбата, агентот на Ернесто Валверде имал средба со раководството на клубот. Тој беше под договор до јуни 2021, па Барселона требаше да му исплати големо обесштетување за предвремен прекин на соработката.

Но Ернесто Валверде сакал разделбата да биде пријателска и да не се развлекува со месеци, па наместо да ја бара платата од последната година ипол, тој им опростил неколку милиони евра на „каталонците“ и на својот агент му наредил брзо да пронајде дил.

Мундо Депортиво вели дека Ернесто Валверде добил убава исплата, но не отрива со колкаво обештетување си заминал. Тој имаше плата помеѓу 8 и 10 милиони евра по сезона, плус бонуси.