24фудбал

Сетиен ги менува навиките во Барселона, ќе им се допадне ли на ѕвездите оваа одлука на новиот тренер?

Сетиен ќе дебитира на клупата на Каталонците во недела навечер, на „Кам Ноу“ гостува Гранада, тим по мерка за фаворитот, како и можност за деби со победа за Сетиен за лидерот во Примера.

Шпанија

Доколку Барселона го назначи Кике Сетиен со интенција да ги промени работите на подобро, односно новиот тренер да промени и некои навики во составот на Каталонците, се чини дека клубот го донесе вистинскиот човек за таа задача.

Во својата прва седмица во новата улога која ја има, Сетиен веќе донесе одредени промени во тимот на Барселона, докажувајќи дека е сосема различен во принципот на работа во однос на неговиот претходник, Ернесто Валверде.

Како што известува „Марка“, најголемата промена, барем до овој момент која ја сторил Сетиен е одлуката неговите избраници да одржуваат тренинг сесии на денот во кој ќе имаат натпревар.

Барселона во недела навечер на домашен терен ја пречекува Гранада во рамките на 20-тото коло од Примера, а предвидено е фудбалерите на составот од „Камп Ноу“ да имаат и тренинг наутро истиот ден, а фокусот ќе се стави на тактичките аспекти во играта.

Оваа промена е нешто ново во Барселона, барем ако се спореди со периодот минат под кормилото на Валверде, меѓутоа Пеп Гвардиола во минатото имаше барем малку слична пракса, со тоа што имаше разговор со фудбалерите каде говореше за тактичките замисли наутро во денот на натпреварите.

Сепак, од „Марка“ завршуваат со тоа дека останува да се види дали сево ова ќе остане пракса во Барселона за секој натпревар во иднина, или станува збор за потег на Сетиен поради првиот меч под негово кормило.