24фудбал

Дел Пјеро го пофали Дибала, Аргентинецот возврати (ФОТО)

Дибала имаше доста импресивно издание во победата на Јувентус и обезбедувањето место помеѓу осумте најдобри во „Копа Италија“, а за тоа доби и пофалба од легендата на тимот од Торино.

Италија

Италијанскиот првак Јувентус со убедливата победа од 4-0 над Удинезе на Илија Несторовски пред своја публика, обезбеди место во четвртфиналето од „Копа Италија“.

Импресивно издание во победата на „Старата дама“ имаше Пауло Дибала, кој освен тоа што постигна два гола, зад своето име запиша и една асистенција, па со право Аргентинецот може да се награди со епитетот најдобар на пресметката во Торино.

Од импресивното издание на Аргентинецот воздишки имал и легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, кој не го криеше тоа на социјалните мрежи.

Убаво е тоа што постигнуваш голови на ваков начин, ех“ напиша Дел Пјеро, за потоа да следи и одговор од Дибала.

Моќта на бројот 10 и капитентската лента“ одговори Дибала на коментарот на Италијанецот, алудирајќи на тоа што Дел Пјеро го носеше токму тој број на дресот во годините минати во редовите на „Старата дама“.