24фудбал

Синот на Сетиен навивал за Реал Мадрид, играл „Фортнит“ кога неговиот татко потпишал за Барса

24 годишниот Ларо игра во нисколигаш во Шпанија, не може да се пофали со добра кариера досега зад своето име, меѓутоа не ги крие импресиите од тоа што неговиот татко седна на клупата на Барселона.

Шпанија

Ларо Сетиен, фудбалер на „Сент Ендру“, како и син на новиот тренер на Барселона, за „Ел Ларгеро“ откри како дознал за тоа дека неговиот татко ставил потпис на договор со каталонскиот гигант, односно што правел во тие моменти.

Веќе ги имав видено шпекулациите низ социјалните мрежи“ изјави Ларо.

Играв „Фортнит“ со моите пријатели кога мојот татко ми се јави и ми рече дека потпишал, не знам дали сонувал за такво нешто, меѓутоа едно е сигурно, тој секогаш го посакуваше тоа, сигурно ќе ужива во новите обврски“ додава Ларо.

Лауро признава дека уште од мали нозе навивал за Реал Мадрид, меѓутоа се шокирал од идејата дека неговиот татко ќе му биде тренер на Лионел Меси.

Тој ќе го тренира Меси... го видов како го прави тоа вчера и не ми се веруваше. Како мал навивав за Реал Мадрид, меѓутоа тогаш бев многу мал, а кога Меси пристигна во Барселона, на видео игрите почнав да играм со таа екипа“ открива Ларо.

Татко ми ќе го тренира најдобриот во светот, Барселона е една од најдобрите екипи во светот, сите го знаат Меси, како и Суарез и останатите“ завршува Ларо.