24фудбал

Манчестер јунајтед ќе има посебен навивач на „Енфилд“ за дербито со Ливерпул

Тренерот на Спортинг Лисабон, каде настапува нашиот Стефан Ристовски, истакна дека само катастрофа би спречило настап на Фернандеш на дерби пресметката против ривалот Бенфика.

Англија

Ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш би можел да биде на „Енфилд“ за дербито во 23 коло од англиската Премиерлига претстојниов викенд помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Португалскиот весник „А Бола“ известува дека преговорите помеѓу обата клуба се во доста напредна фаза, а се верува дека преселбата на Фернандеш на „Олд Трафорд“ би изнесувала до 65 милиони фунти.

„Телеграф“ пак, известува дека 25 годишниот фудбалер од средниот ред веќе се договорил околу личните услови со Манчестер јунајтед, а неговиот агент Жорге Мендеш, кој беше на „Олд Трафорд“ за време на синоќешата победа на „Црвените ѓаволи“ против Вулверхемптон во ФА Купот, бил инволвиран во преговорите кои се во завршна фаза.

Дополнително, „А Бола“ известува дека во Спортинг Лисабон имаат барање трансферот целосно да се официјализира по утрешната дерби пресметка со големиот ривал Бенфика, на која настап треба да има и Фернандеш, за два дена потоа Португалецот да биде на трибините од „Енфилд“.

Доколку се остварат најавите, несомнено Манчестер јунајтед во Фернандеш ќе добие големо засилување во својот состав, а ќе завршиме со статистиката на фудбалерот оваа сезона, во домашниот шампионат на Португалија на 15 настапи постигна осум погодоци, односно седум асистенции.

Што се однесува до перформансите на Фернандеш во Лига Европа, на 5 настапи постигна исто толку погодоци, како и три асистенции, или генерално гледано во поглед на двете статистички податоци, Фернандеш бил директно инволвиран во 23 погодоци на Спортинг Лисабон на 20 натпревари.