24фудбал

Сари: Вознемирувачки е тоа што некој има повеќе „Златни топки“ од Роналдо

Јувентус и Роналдо имаат идентични амбиции сезонава, а Сари посочи и еден од неколкуте приоритети кај него, со тоа што наведе дека посакува да му помогне на Португалецот во тоа да се израмни со Меси.

Италија

Шефот на стручниот штаб на италијанскиот првак Јувентус, Маурицио Сари вели дека е вознемирувачки фактот што некој друг, мисли на Лионел Меси, освоил повеќе „Златни топки“ од Кристијано Роналдо.

Двоецот кој го одбележа фудбалот во поновата историја, до претходниот месец имаше идентична бројка освоени такви признанија, меѓутоа Роналдо во друштво на Лионел Меси и Вирџил Ван Дајк заврши на третото место.

Би сакал да му помогнам на Кристијано да дојде до шестата „Златна топка“ во својата кариера, тоа навистина ми е еден од приоритетите, навистина е вознемирувачки тоа што некој освоил повеќе такви признанија од него“ изјави Италијанецот.

Мислам на него, мислам на тоа како да му помогнам, тоа е мојата цел, како и цел на тимот, тоа е за негово добро“ додаде Сари.

Четири од освоените „Златни топки“ за Роналдо беа освоени во годините кога тој ги предводеше поранешните клубови, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, до пехар во Лигата на шампионите.

Нема дилеми во тоа дека амбициите на Јувентус и Роналдо се идентични, како и освојување на деветтата во низа, титула во „Серија А“, меѓутоа, и покрај тоа што со години е дел од европската елита, „Старата дама“ не може да се пофали со нешто посебно во Лигата на шампионите, каде има две освоени титули, последната освоена во 1996. година.