24фудбал

Како Хименез ги испрати Матиќ, Мегваер и Вилијамс по бурек... (ВИДЕО)

Една доста комична ситуација од синоќешната пресметка на „Олд Трафорд“ на големо се шири низ социјалните мрежи, а сите се потсмеваат со наведеното трио од редовите на Манчестер јунајтед.

Англија

Манчестер јунајтед со погодокот на Мата во 67. минута дојде до минимална победа од 1-0 над Вулверхемптон на домашен терен во рамките на ФА Купот, меѓутоа еден момент од средбата на „Олд Трафорд“ остана добро запаметен.

Се работи за потег на напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез кој бележи голем развој во својата кариера откако се стекна со епитетот еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата во моментов.

Рака на срце, потегот на Мексиканецот можеби не е ништо посебен, меѓутоа како беа „насанкани“ Матиќ, Мегваер и Вилијамс во оваа ситуација, на моменти е воедно и комично...

Во однос на Хименез, ќе завршиме со тоа дека медиумите на Островот шпекулираат дека е голема желба токму на Манчестер јунајтед.