24фудбал

Лудилото со Фернандеш продолжува, се појави и „фејк“ фотографија од интервју на Португалецот за Манчестер јунајтед

Медиумите известуваат од минута во минута за најновите информации поврзани со Фернандеш и најавениот трансфер на Португалецот во Манчестер јунајтед, а некои се толку нетрпеливи што дури наседнаа и на една лажна фотографија.

Англија

Една фотографија ги „запали“ навивачите на Манчестер јунајтед кои под будно око ги следат сите информации поврзани со Бруно Фернандеш, фудбалерот на Спортинг Лисабон кој тропа на портите на „Олд Трафорд“.

Се работи за фотографија која со брзина на светлината се прошири низ социјалните мрежи, а конкретно, на истата се појавува Фернандеш во интервју за Манчестер јунајтед.

Сепак, истата е лажна, за што известија и на Островот, кои брзо увидоа дека станува збор за монтажа на најавата за Даниел Џејмс, како потврда за трансферот на Велшанецот од Свонси за 15 милиони фунти.


Вистинско лудило владее кај фановите на Манчестер јунајтед на социјалните мрежи за Фернандеш, агентот на Португалецот кој е дел од менаџерската агенција која ги застапува правата на фудбалерот, веќе го избриша својот профил на „Твитер“, а стотици фанови на тимот од „Олд Трафорд“ го бомбардираа Спортинг Лисабон со пораки до тој клуб да го објави заминувањето на нивната ѕвезда.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, како и легенда на тој клуб, Рио Фердинанд не остана покус од останатите, па и тој се приклучи во лудилото, откако твитна „Брунооооо“, а техничкиот директор на Премиерлигашот, без никакво колебање одговарајќи му на еден навивач, напишаЈас седам и чекам исто како и ти! Следете ги информациите од Манчестер јунајтед постојано.

Во конотација на објавата на Рио, вреди да се напомене дека агентот на Фернандеш го деактивираше својот профил на „Твитер“ откако најпрво ја лајкна објавата на легендата на Манчестер јунајтед.

Како и да е, од Португалија објавија дека 25 годишниот Фернандеш ќе му биде на располагање на Спортинг Лисабон за утрешната дерби пресметка со ривалот Бенфика, а се шпекулира дека два дена подоцна ќе биде на трибините од „Енфилд“ и ќе го проследи дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед во рамките на 23 коло од Премиерлигата.