24фудбал

Претседателот на Динамо Загреб со коментар за шпекулациите со Олмо и Барса

Нема дилеми во тоа дека 21 годишниот Шпанец е најквалитетниот фудбалер кој игра во клуб на овие простори, меѓутоа не би било чудно тој да се врати во Барселона, а Динамо Загреб да заработи богатство по одличниот потег на хрватскиот првак да го доведе во клубот пред шест години.

Шпанија

Доколку некој фудбалер од составот на Динамо Загреб е незаменлив, тоа секако е Дани Олмо, пишува каталонски „Спорт“, а шпанскиот офанзивец е првата ѕвезда на хрватскиот првак, кој воедно е на мета на повеќе европски гиганти.

Неговите фантастични изданија во дресот на Динамо Загреб, како и изданијата во дресот на шпанскиот национален состав за фудбалери до 21 година на големо го поврзаа фудбалерот со трансфер во Барселона, односно враќање во тој клуб.

Мирко Барашиќ, претседателот на Динамо Загреб се одзва на шпекулациите кои Олмо го поврзуваат со преселба на „Камп Ноу“, вели дека не постои ништо конкретно.

Тоа што тој посочи дека нема ништо против тоа да се врати во Барселона е нешто сосема друго, меѓутоа, во моментов нема ништо конкретно“ рече Барашиќ по изјавата на Олмо дека би бил многу среќен на идејата да има интерес од Барселона.

До крајот на јануари семоже да се случи, сепак, тој не е на трансфер листата, има договор со клубот до 2021. година, останува во Динамо Загреб“ наведе Баришиќ.