24фудбал

Интер го договори Ешли Јанг за 1,5 милиони евра, Манчестер јунајтед ќе добие и бонус за освоено Скудето

Интер и Манчестер јунајтед си подале рака за трансфер на Ешли Јанг на Џузепе Меаца, „ѓаволите“ ќе добијат 1,5 милиони евра плус бонус доколку „нероаѕурите“ стигнат до титулата во Серија А.

Италија

Англичанецот ги одработува последните месеци од договорот со Манчестер јунајтед, не сака да стави потпис на нов договор и ја прифати понудата на Интер за авантура во Калчото.

„Ѓаволите“ до последен момент се обидуваа да го предомислат, но откако не успеаја во намерата, пронајдоа согласност со Интер за трансфер.

Како што пишуваат медиумите, Ешли Јанг се сели на Џузепе Меаца за 1,5 милиони евра. Манчестер јунајтед исто така ќе добие и бонус доколку Интер го освои Скудетото.

34 годишниот Ешли Јанг се пресели на Олд Трафорд во 2011, осум ипол сезони го носеше дресот на „ѓаволите“ и забележа 261 натпревар.