24фудбал

Нејмар би можел да потпише нов договор со ПСЖ, но таквото сценарио има услов

Јасно е дека Бразилецот изминатиов период игра во одлична форма, таков е впечатокот и од натпреварите на францускиот првак, иако постои оптимизам од обете страни, сепак, постои и одреден услов за Нејмар да остане подолго од предвиденото во француската престолнина.

Франција

Нејмар би можел да потпише нов договор со ПСЖ, меѓутоа потенцијалниот договор би можел да зависи од тоа каков би бил резултатот на францускиот првак во овосезонската Лига на шампиони.

Според известувањата на „ЕСПН“, се вели дека очекувањата се да не се случи ништо посебно на таа тема пред априли или мај, а нешто што би можело да го диктира правецот во евентуалните преговори е секако и двомечот на ПСЖ со Борусија Дортмунд во првата фаза од нокаут рундата во Лигата на шампионите.

„ЕСПН“ додава дека обете страни делуваат оптимистички, а извор за медиумот тврди дека Бразилецот целосно се адаптирал на животот во француската престолнина, откако претходно се поврзуваше со враќање во составот на Барселона.

Се верува дека односот помеѓу ПСЖ и Нејмар е во голема мера подобрен од претходниот во екот на шпекулациите за можно враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“, Нејмар изгледа среќно во дресот на францускиот првак и игра во одлична форма.

27 годишниот напаѓач сезонава постигна 14 погодоци, а зад своето име запиша и седум асистенции во 14 настапи во „Лиг 1“.

Што се однесува пак до двомечот со Борусија Дортмунд во осминафиналето од Лигата на шампионите, првата пресметка се игра на терен на Бундеслигашот на 18 февруари, а реваншот е предвиден да се одигра на 11 март.