24фудбал

Спортинг не верува дека Манчестер јунајтед може до титула во Премиерлига или ЛШ, бара други бонуси за Фернандеш

Спортинг и Манчестер јунајтед се уште не можат да пронајдат заеднички јазик за трансферот на Бруно Фернандеш, последните информации велат дека има разлика во фиксната сума но и во структурата на бонусите.

Англија

Со денови се пишува дека Бруно Фернандеш овој месец ќе се пресили на Олд Трафорд, но се уште нема официјална потврда. Последните информации велат дека зделката е под ризик да пропадне бидејќи двата клуба се на различна бранова должина кога е во прашање фиксната сума но и структурата на бонусите.

Новинарот Руи Педро Браз во анализата на ТВИ 24 откри дека Манчестер јунајтед не сака да плати повеќе од 50 милиони евра како фиксна сума, Спортинг бара загарантирани 65 милиони евра, па постои разлика од 15 милиони евра.

Проблем се и бонусите, односно структурата. „Ѓаволите“ сакаат тие да бидат поврзани со титула во Премиерлига или Лигата на шампиони, или со индивидуално достигнување, исплата да има доколку Бруно Фернандеш стигне до „Златната топка“.

Клубот од Лисабон смета дека се работи за тешко остварливи бонуси и практично нема да видат ништо од овие ветени пари па бараат друга формула.