24фудбал

Ривалдо верува дека Чави во иднина ќе биде тренер на Барса, го кажа и своето мислење за Сетиен

Чави Хернандез ја одби Барселона, но Ривалдо верува дека во иднина тој сепак ќе биде тренер на каталонскиот клуб.

Шпанија

Барса го отпушти Валверде и на негово место го назначи Кике Сетиен, но тој не беше првата опција за Каталонците.

„Уверен сум дека Чави во иднина ќе биде тренер на Барселона и мислам дека веќе се подготвува за тоа. Верувам дека тој ја одби Барселона бидејќи не е подготвен за таа улога во оваа фаза од тренерската кариера“, смета легендарниот Ривалдо.

Тој нема некое позитивно мислење за новот тренер, Сетиен, смета дека тој е назначен затоа што другите ја одбиле Барса.

„Не е добро да преговарате со нов тренер додека актуелниот се уште работи. Но мислам дека Барса го назначи Сетиен поради тоа што не успеа да ги договори Чави и Куман и не можеше назад. Немаше смисла да се задржи Валверде по сето тоа, па мораа да одат со нивната трета опција. Не би бил голем проблем доколку Барселона наскоро повторно го промени тренерот“, вели Ривалдо.