24фудбал

„Интер во 4-та брзина...Ол-ин за Скудето“ – медиумите ги најавија Ериксен, Жиру, Јанг и Спинацола (ФОТО)

„Нероаѕурите“ синоќа имаа работен ден, Бепе Марата и неговите соработници преговараа на четири фронта, го договорија трансферот на Ешли Јанг а во завшна фаза се и зделките за Кристијан Ериксен, Оливие Жиру и Леонардо Спинацола.

Италија

Интер одигра одлично во првиот дел од сезоната, во последното коло го испушти насловот есенски шампион. За да се продолжи во ист стил и во вториот дел, Антонио Конте побара неколку засилувања и сопствениците ќе му ги исполнат желбите.

„Неероаѕурите“ синоќа имаа работен ден, Бепе Марота и неговите соработници преговараа на четири фронта. Договорија трансфер на Ешли Јанг од Манчестер јунајтед за 1,5 милиони евра, плус бонус за освоено Скудето. Во Милано пристигнаа и агентите на Кристијан Ериксен и Оливие Жиру.

Интер веќе се договори со Данецот, останува само да се пронајде заеднички јазик со Тотнем, кој инсистира да добие 20 милиони евра.

Што се однесува за ситуацијата на Французинот, начелно има договор со Челси за трансфер од 5 милиони евра како и додатни 1,5 милиони во бонуси, па со агентот се финализираа формалностите.

Беше најден и компромос за Леоандро Спинацола со Рома, дефанзивецот ќе пристигне на позајмица со опција да биде купен доколку одигра одреден број натпревари.

Па денешните насловни страни на Кориере дело Спорт и Газета дело Спорт се фокусираа токму на овие зделки.

„Ол-Интер“ е насловот на Кориере. „Маркантно: Ериксен плус Спинацола, Јанг и Жиру. Жанг влезе ол-ин за со Конте да го донесе Скудетото“.

„Интер во 4-та брзина“ – пишува Газета. „Јанг денеска пристигнува во Милан, се работи со полна пареа на Ериксен и Жиру, продолжуваат преговорите Спинацола-Политано“.