24фудбал

Јунајтед без најдобриот во големото дерби со Ливерпул, Рашфорд има проблеми со грбот

Оле Гунар Солшер не верува дека ќе го има на располагање Маркус Рашфорд за големото дерби против Ливерпул кое се игра во недела.

Англија

Во недела од 17:30 часот, Манчестер јунајтед му гостува на Ливерпул во големото англиско дерби. 

Се очекува Маркус Рашфорд да го пропушти овој дуел поради повреда на грбот.

„Сметам дека тој нема да биде подготвен. Ќе му дадеме колку време и да треба за комплетно да се опорави“, изјави Солшер.

Рашфорд оваа сезона ги почна сите натпревари од Премиерлигата, тој е најдобриот стрелец во тимот на Јунајтед со 20 голови во сите натпреварувања.