24фудбал

Италијаните и Хрватите со различни вести, едните викаат нема ништо, другите инсистираат: Милан и Динамо се договорија за Олмо

Конфликтни извештаи за трансферот на Дани Олмо на Сан Сиро, медиумите од Италија велат дека нема ништо, но оние од Хрватска инсистираат дека Динамо и Милан си подале рака и откриваат детали.

Италија

Динамо Загреб овој месец треба добро да ја наполни касата, синоќа медиумите од Хрватска објавија дека Звонимир Бобан го користи добриот однос со „модрите“ за во Милан да го донесе перспективниот Дани Олмо.

Весникот Спортске Новости денеска излезе со нови информации, објави дека двата клуба начелно постигнале договоор. „Росонерите“ ќе платат 20 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси како и 20% од следната продажба.

Дани Олмо исто така си подал рака со Милан и ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона на Сан Сиро. Шпанецот денеска нема да настапи на пријателскиот натпревар со Локомотив бидејќи чека зелено светло за да замине за Милано на лекарски прегледи.

Но медиумите од Италија имаат различни вести од нивните колеги од Хрватска. Новинарот на Скај Италија, Џанлука Ди Марцио вели дека нема ништо. Тој признава дека Дани Олмо е на агендата на Милан, но планот е да се тргне по Шпанецот летоска, а не овој месец.