24фудбал

Мурињо: Не знам на што се должи оптимизмот на Интер... Па тие немаат ниту понуда доставено!

Жозе Мурињо ги прокоментира гласините кои велат дека Кристијан Ериксен е пред трансфер во Интер, вели дека „нероаѕурите“ немаат доставено понуда па не му е јасно од каде е тој оптимизам.

Англија

Агентот на Кристијан Ериксен синоќа беше во Милано на разговори со раководството на Интер и беше уловен на вечера со генералниот директор Бепе Марота. Ваквиот развој на настаните само придонесе гласините за трансфер на Данецот на Џузепе Меаца да станат погласни.

Жозе Мурињо денеска беше запрашан до каде е работата, тренерот на Тотнем вели дека не му е јасно од каде е тој оптимизам на луѓето од Интер со оглед на тоа дека се уште немаат испратено понуда.

„Треба да ги прашате луѓето од Интер и неговиот агент, знаат повеќе од мене. Доколку тие се убедени, веројатно е така бидејќи се подготвени да испратат понуда, но до овој момент нема ништо. Ме чуди тој оптимизам, не знам од каде доаѓа. Веќе неколку натпревари се пишува „ова е негов последен“ но тој продолжува да игра и ќе игра и против Ватфорд“ – вели „специјалниот“.