24фудбал

Гвардиола ја прокоментира „Бунга бунга“ забавата која ја организираа неговите играчи: Убаво е да се дружат надвор од теренот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола нема ништо против забавата која ја организирале неговите играчи по триумфот над Астон Вила, вели дека тој им дал зелено светло да се опуштат.

Англија

Медиумите од „островото“ во средата објавија дека фудбалерите на Сити имале задоцнета божиќна забава, од Италија во Манчестер донеле 22 инстаграм модели и се опуштиле по победата од 1-6 над Астон Вила.

Па прашања за ваквите написи на медиумите беа неизбежни на денешната прес конференција на Пеп Гвардиола.

„Знаев за забавата. Кога имаат слободно време, одат заедно на вечера. Ми се допаѓа што се дружат и надвор од терените. Некогаш се собираат кај некого дома, некогаш одат во ресторан, како што беше случајот сега. Тоа е убаво“ – вели тренерот на Манчестер Сити.