24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Може ли Ингс да продолжи со спектакуларната форма?

Претстојниов викенд на програмата се натпреварите од редовното 23 коло од англиската Премиерлига, а натпреварувачите на „Фантази Премиерлига“ веројатно со нетрпение ги очекуваат новите возбудувања.

Останато

Добредојдовте во уште една анализа на „24фудбал“ во која ќе се обидеме повторно да ви помогнеме во изборот за новото коло во Премиерлигата, односно „Фантази Премиерлигата“, која освен на генерално ниво, брои многу натпреварувачи и од нашата земја.

Најнапред да резумираме што се случи минатото коло, односно да сумираме колку беше точни во претходната анализа, го селектиравме Џејми Варди за капитен, меѓутоа напаѓачот на Лестер иако се врати по два меча откако доби принова во своето семејство, запиша само една асистенција во поразот на „Лисиците“ пред своја публика од Саутемптон со 1-2, со тоа што напаѓачот ако се дуплираат бодовите поради капитентската лента, заработи 10 бода.

Заменик-капитенот пак, Ентони Марсијал запиша 8 бода во победата од 4-0 на Манчестер јунајтед над Норич на домашен терен, каде постигна и еден погодок.

Нашиот избор донесе вкупно 75 освоени бода, а ако се земе во предвид дека во претходното коло просекот изнесуваше 57, анализата беше и повеќе од успешна.

Претходната анализа: „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Варди се враќа, Лестер против екипата против која броеше до девет

Во пресрет на селектирањето фудбалери, ќе наведеме како стои ситуацијата во однос на трансферите, а не е изненадување тоа што напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс е на првото место на најкупувани фудбалери.

По Ингс, следат Серхио Агуеро и Ријад Марез од Манчестер  Сити, иако е дел од оваа петорка, веројатно натпреварувачите кои го купија Ришарлисон од  Евертон, ќе зажалат за тој потег, иако Бразилецот игра во животна форма под кормилото на својот нов тренер Карло Анчелоти, поради повреда ќе отсуствува викендов.

Најпродаван фудбалер е напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, веројатно најголемата причина за ова е црвениот картон во претходното коло и суспензијата од три меча, а по него следи повредениот Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, кој поради повреда е неизвесен за гостувањето кај Ливерпул.


Доколку проследите што имаме на програмата за ова коло, нема дилеми во тоа дека ќе имате големи маки да одберете голман кој би можел да запише меч без примен гол во сопствената мрежа, односно да дојдете до клин-шит. Изборот е тежок, меѓутоа ние за ова коло го препорачуваме Тим Крул (4.5), па ако проследите во каква форма е Борнмут, веројатно и нема подобра опција од голманот на Норич за ова коло.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Лукас Дињ (5.7) со својот Евертон гостува кај Вест Хем, како што наведовме претходно, тешко ќе биде за натпреварувачите да очекуваат клин-шит, меѓутоа со оглед на фактот што Французинот е постојано опасен на противничките половини, од него очекуваме асистенција, а зошто да не и погодок на ова гостување.

Рикардо Переира (6.4) со Лестер гостува кај Барнли, а тоа за „Лисиците“ ќе биде можност за поправен по шокот кој го доживеаа на домашен терен од Саутемптон претходното коло, а за Португалецот нова можност да стигне до бодови.

Триото во одбраната ќе го заокружиме секако со Трент Александер-Арнолд (7.5), мајсторот за асистенции на својата позиција, иако Ливерпул игра дерби пресметка против Манчестер јунајтед на домашен терен, тоа што првата ѕвезда кај гостите, Маркус Рашфорд е повреден, дополнително ќе ги намали шансите на „Црвените ѓаволи“ да погодат против европскиот првак.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Во средниот ред ќе селектираме четворица, па така ќе стартуваме со Мохамед Салах (12.3), Египјанецот веќе се врати, а тоа говори и во неговата статистика, па Манчестер јунајтед, кој не може да се пофали со добра игра во одбраната, би било убава можност за напаѓачот на Ливерпул да дојде до нови бодови.

Се уште се свежи сеќавањата од победата на Кристал Палас кај Манчестер Сити ланската сезона, како за потсетување, баш во тие моменти се разниша формата на составот на Пеп Гвардиола кој потоа добро се испоти да ја освои титулата во тешката битка со Ливерпул. Меѓутоа, „Граѓаните“ во последните два меча со истиот противник имаат исто толку и победи, и тоа на негов терен, Кристал Палас ќе биде „тврд орев“ за Манчестер Сити, па ако некој мора да одигра на највисоко ниво, тоа е секако кралот на асистенциите, Кевин Де Брујне (10.7).

Џек Грилиш (6.5) игра во неверојатна форма во дресот на Астон Вила, за него се вели дека сериозен интерес постои токму од Манчестер Сити, меѓутоа останува периодот кој претстои да докаже дека навистина постои такво нешто. Астон Вила викендов гостува кај Брајтон, очекуваме израмнет меч, барем според односот на силите во обата тима, па зошто да не и нова блескава партија на Грилиш кој пред две кола запиша дури 13 бода, откако во победата кај Барнли реализираше гол и асистенција.

Вилијан (7.2) има доста солидна сезона досега зад себе, претходното коло во убедливата победа над Барнли на домашен терен запиша и една асистенција, а со тоа конечно Челси славеше на домашен терен по два меча каде беше поразен, најпрво од Борнмут, за потоа и од Саутемптон. Челси е посебно добар на гостувањата, а Вилијан доста активен и опасен на противничките половини.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Веројатно не може без Џејми Варди (10.1), напаѓачот на Лестер со својот тим гостува кај Барнли, па тоа е убава можност за него да им се врати на погодоците, во спротивно, веројатно е дека ќе дојде до благ пад на неговата цена, како и одредено губење на довербата кај натпреварувачите.

Дени Ингс (6.8) игра во животна форма, а за тоа нема никакви дилеми, тој погоди и на гостувањето кај Лестер (1-2) со тоа што Саутемптон приреди големо изненадување претходното коло, а зошто да не продолжи неговата серија и против Вулверхемптон, доколку се оствари тоа, Ингс би запишал четири меча во серија со гол во Премиерлигата. Токму напаѓачот на Саутемптон ќе го препорачаме за капитен ова коло, иако многумина не би се сложиле, а наместо него, би го селектирале Варди, сепак, загрижува поразот на Лестер од Саутемптон претходното коло.

Тему Пуки (6.5) бележи голем пад во формата по фантастичниот старт каде беше еден од најдобрите опции на пазарот, тој викендов се враќа од повредата, а на Островот потврдија дека е подготвен да настапи за Норич на мечот против Борнмут на домашен терен. Дополнителна мотивација кај вас да го селектирате Пуки е секако катастрофалната форма на Борнмут, како и фактот што на Еди Хау сериозно му се заканува отказ од клупата на тој состав.

 

Предлог-состав: КРУЛ (4.5); ДИЊ (5.7), ПЕРЕИРА (6.4), АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (7.5); САЛАХ (12.3), ДЕ БРУЈНЕ (10.7), ГРИЛИШ (6.5), ВИЛИЈАН (7.2); ВАРДИ (10.1), ИНГС (6.8), ПУКИ (6.5)

 

Капитен: ИНГС

Заменик-капитен: Варди

 

На крајот од анализата ќе се префрлиме и на случувањата во генералната лига на „Македонија“, а ќе видиме и каква е ситуацијата во лигата на „24фудбал“.

Во лигата на „Македонија“ прв на табелата е Влатко Иванов до досега освоени 1351 бод, имате можност да се запознаете и со неговиот избор од претходното коло.


Што се однесува до ситуацијата во лигата на „24фудбал“, таму на првото место на табелата е Игор Премуш со досега освоени 1344 бода, имате можност да го проследите и неговиот избор од претходното коло.


Среќно до сите натпреварувачи ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe