24фудбал

Какво деби на Халанд, постигна хет-трик за 30 минути и донесе победа за Борусија (ВИДЕО)

Халанд имаше деби од соништата откако даде три гола во второто полувреме и беше најзаслужен за победата на Борусија Дортмунд од 5-3 на гостувањето кај Аугсбург.

Англија

Борусија Дортмунд освои три бода благодарение на Халанд кој го одигра првиот официјален натпревар за германскиот тим и веднаш постигна хет-трик.

Борусија Дортмунд губеше со 3-1,  Халанд во игра влезе во второто полувреме и го започна своето 30 минутно шут. Од 49 до 79 минута тој постигна три гола.

Покрај Халанд, по еден гол за Дортмунд постигнаа и Бранд и Санчо.

Во останатите мечеви од Бундеслигата, Келн со 3-1 го совлада Вофлсбург, Вердер со 1-0 победи на гостувањето кај Фортуна Дилзелдорф, гостински победи од по 2-1 остварија Ајнтрахт кај Хофенхајм и Фрајбург кај Мајнц.