24фудбал

Лош роденден за Пеп Гвардиола, само реми на Сити против Кристал Палас, нов кикс на Арсенал (ВИДЕО)

На Пеп Гвардиола денеска му е роденден а неговите фудбалери не успеаа да му го честитаат со победа иако играа на домашен терен со Кристал Палас, мечот заврши 2-2, Арсенал на Емирати одигра 1-1 против Астон Вила.

Англија

Манчестер Сити беше голем фаворит во дуелот со Кристал Палас но работите не се одвиваа како што посакуваше Пеп Гвардиола.

Кристал Палас поведе со гол на Тосун на пет минути до крајот на првото полувреме.

Манчестер Сити долго време се мачеше да израмни, Агуро со голови во 82. и 87. минута направи комплетен пресврт и донесе водство за домаќинот од 2-1, се чинеше дека тимот на Пеп сепак ќе победи.

Но тоа не се случи, во 90. минута Фернандињо си постигна автогол за конечни 2-2.

Арсенал на домашен терен не успеа да го победи Шефилд јунајтед, мечот заврши 1-1.

Пред самиот крај на првото полувреме Мартинели постигна гол за водство на Арсенал, Флик во 83. минута го спаси Шефилд јунајтед од пораз поставувајќи ги конечните 1-1.

1-1 беше и на мечевите Брајтон - Астон Вила и Вест Хем - Евертон, Волвс со 3-2 победи на гостувањето кај Саутемптон, а Норич дома го совлада Борнмут со 1-0.