24фудбал

Мончи: Доколку ни го поништеа и вториот гол против Реал, ќе влезев на терен и ќе го повлечев тимот!

Спортскиот директор на Севиља, Мончи беше бесен на дел од одлуките на судијата Мартинез Мунуера на денешниот дуел со Реал Мадрид, вели дека бил подготвен да влезе на терен и да го повлече тимот доколку бил поништен и вториот гол.

Шпанија

Реал Мадрид попладнево со 2-1 славеше над Севиља во меч во кој имаше неколку спорни моменти. Гостите во првиот дел преку Де Јонг постигнаа гол за водство од 0-1, но со помош на ВАР, погодокот беше поништен поради прекршок од Гудељ над Милитао.

Де Јонг погоди повторно во вториот дел за изедначување но и овој гол донесе контроверзија со оглед на тоа дека Мунир играше со рака, а според новите правила, доколку во акцијата по која е затресена мрежата имало играње со рака, тој мора да се поништи, но судијата Мартинез Мунуера не реагираше и остана 1-1.

„Доколку и вториот гол беше поништен, ќе влезев на терен и веднаш ќе го повлечев тимот!“ – вели спортскиот директор на Севиља, Мончи.

„Сите видоа што се случи при поништениот гол на Де Јонг со ВАР, такви акции има многу. Нема потреба за анализа по таков клучен инцидент кој го смени текот на натпреварот, апсурдно би било да праваиме анализа на натпреварот“.

„Само мал тим може да загуби и да биде задоволен од начинот на кој играл, Севиља е голем тим. Секако дека сме бесни, вознемирени и... морам да запрам тука за да не направам проблеми“.