24фудбал

Голот на Пандев не ја спаси Џенова, Рома ги освои трите бода (ВИДЕО)

Џенова запиша уште еден пораз, овој пат на свој терен од Рома загуби со 3-1, Горан Пандев го постигна петтиот гол оваа сезона во Серија А.

Италија

Џенова води тешка битка за опстанок и се чини дека така ќе биде до самиот крај, денеска запишаа уште еден пораз, овој пат од Рома.

Волчицата поведе со гол на Ундес во шестата минута, а Бираски во 44. си постигна автогол за водство на Рома од 2-0.

Во следниот напад Горан Пандев постигна убав гол за намалување на 2-1, тоа беше петтиот погодок во Серија А на нашиот капитен.

Во вториот дел Џенова напаѓаше кон израмнување, но по една грешка на голманот Перин, Џеко се најде во добра прилика и ги постави конечните 3-1.

Во судиското продолжение Пандев имаше уште една прекрасна шанса, но овој пат голманот на Рома беше поуспешен од него.