24фудбал

Удар за Солшер и амбициите на Манчестер јунајтед за топ 4, Рашфорд ќе паузира и до ТРИ месеци!

Оле Гунар Солшер и Манчестер јунајтед во следните неколку месеци ќе треба да се снаоѓаат без најдобриот играч, Маркус Рашфорд го чека долга пауза поради повреда на грбот.

Англија

Пред почетокот на големото дерби на Енфилд, Оле Гунар Солшер истакна дека Маркус Рашфорд ќе треба да паузира неколку недели за да ја санира повредата на грбот. Но медиумите од Англија пренесоа дека ситуацијата е многу полоша.

За време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, неколку весници објавија дека Маркус Рашфорд може да паузира и до три месеци.

„Рашфорд по дуелот со Вулверхемптон има двојна стрес фрактура на грбот. Се очекува да паузира од два до три месеци“ - напиша Хенри Винтер, главниот уредник за фудбал на Тајмс, кој често има точни информации.

По крајот на натпреварот, самиот Солшер излезе со различна прогноза од онаа дадена пред неколку часа и ги потврди црните прогнози.

„Да, Рашфорд има стрес фактура. Нормално за стрес фактура се потребни минимум шест недели мирување, а потоа следи и период за билдање на фитнесот“ - изјави Норвежанецот по поразот од 2-0.